Ја помните во вакво издание: После изгубените 136 килограми таа изгледа како Памела Андерсон

ПИШУВА: ТОЧКА

Сите ние како ваква ја помниме ријалити ѕвездата Мама Џун. А таа веќе со месеци наназад има ново тело и не се срами тоа да му го покаже на целиот свет. И верувале или не, таа може да застане рамо до рамо и со Памела Андерсон!

Ријалити ѕвездата од шоуто “Here comes Honey Boo Boo” целиот свој живот се борела со огромниот вишок на килограми. А потоа и се случило она за коешто таа мислела дека е просто невозможно – нејзиниот сопруг нашол нова девојка, а за да додаде уште сол на раната, тој ја повикал Мама Џун на нивната венчавка. А таа и се согласила да се појави, но со потполно ново тело.



Мама Џун успеала да ослабе неверојатни 136 килограми, а потоа се појавила во црвен костим за капење имитирајќи ја Памела Андерсон во нејзиното најславно издание од серијата “Чувaри на плажата”.



Таа и навистина изгледа како Памела, зарем не? За волја на вистината, тука е и повеќе од очигледно дека во голема мера бил употребен и Фотошоп, но тоа сепак не го менува фактот дека Мама Џун неверојатно ослабела.




И таа овојпат навистина изгледа одлично!

No comments

Powered by Blogger.