Мајка монструм: Му платила на својот внук-љубовник, да ја убие нејзината 13-годишна ќерка: Сакаше да ми го украде

Пишува: Toчка

54-годишната Бразилка Жени Синс, толку била љубоморна на родената ќерка, 13-годишната Франсин, што на својот љубовник, 30-годишниот Роналдо Сантос, со кој живее во инцест и е нејзин внук од сестра, му платила да ја убие. Тој ја извршил задачата, само што несреќното дете претходно го тепал и силувал.

Измаченото тело на девојчето било најдено врзано за дрво во шумската област на југот на Бразил на Велики Петок. Малата била силувана, имала модринки околу вратот и бројни фрактури на главата.
Полицијата дури сега целосно го разоткрила случајот. Сантос на својата љубовничка Жени и бил внук, а на нејзината ќерка, која ја убил и силувал, и бил братучед. Двајцата биле во врска веќе неколку години, а запознаените со случајот велат дека Жени била лудо вљубена во својот внук.

Синот на Жени, постариот брат на Франсин, 18-годишниот Дионес, рекол за полицијата дека неговата мајка "е опседната со Сантос и дека секогаш велела дека тој е љубовта не неговиот живот". Меѓутоа, станала и љубоморна: била убедена дека Сантос го привлекува малата Франсин, па минатата година почнала да подготвува план како да ја убие.
"Нејзините мотиви не биле мотиви на мајка заштитник, туку на жена опседната со себе која сопственото дете го гледала како љубовен ривал. Била љубоморна и сакала да се ослободи од конкуренцијата", изјавила полициската инспекторка Лизандра Карваљо.



Жени на Сантос му ветила и 2.000 долари за да ја отплати ратата за моторот ако ја убие малата Франсин. На денот на убиството, Сантос ја повикал малата Франсин да купат велигденски јајца од пазарот во близина. Детето се израдувало, седнало на моторот со него, и од тогаш повеќе никој не ја видел.



"Жената ни се јави во 15:00 часот да ни каже дека Франсин исчезнала. Тоа не изненади бидејќи е необично мајка на дете исчезнато на сред бел ден да не контактира по само 2 часа откако последен пат ја видела", објаснува инспектор Андерсон Фереира Фатури. "Не загрижи и тоа што Жени навестуваше дека Франсин можеби е мртва. А почнавме да се сомневаме кога утврдивме дека жртвата не ја видел никој на пазарот, на кој наводно отишла да купи велигденски јајца со својот очув", додава инспектор Фатури.



Набрзо пристигнала дојава дека Сантос и малата Франсин биле видени кај шумската област Санта Круз до Сул. Телото на детето било пронајдено 24 часа подоцна, на само километар и пол од семејната куќа.



Сантос побегнал, а полицијата го фатила по една седмица. Злосторникот на полицијата и раскажал дека "започнал врска со Франсин пред една година, а Жени станала љубоморна и му наредила да ја убие'". Рекол дека неговата љубовница уште пред една година му понудила 1.000 долари да ја убие Франсин, но дека тогаш одбил. Се премислил една година подоцна, кога му ветила дека ќе му го отплати кредитот за моторот.



"Утврдивме и дека Жени го одбрала местото на злосторството", вели инспектор Карваљо.



И Жени и Сантос се обвинети за убиство.

No comments

Powered by Blogger.