Скокнете во најголемиот базен во светот: Чини две милијарди долари, зафаќа површина од 12 фудбалски игралишта, а длабок е 30 метри

Пишува: Точка

Базенот се простира на повеќе од 80.000 квадратни метри. На стотина километри од главниот град на Чиле, поточно во Сан Алфонсо дел Мар, во близина на брегот на Тихи Океан се наоѓа најскапиот базен на светот во вредност од две милијарди долари.

Базенот се простира на повеќе од 80.000 квадратни метри, што грубо пресметано е околу 12 просечни фудбалски терени, а изграден е поради единствениот проблем со кој се соочува Чиле.

Всушност, иако Чиле се наоѓа на брегот на Тихи Океан, оваа земја има релативно малку погодни плажи за пливање во текот на целата година поради Хумболтовата струја која носи ладна вода од Антарктикот и поголемиот дел од годината водата е ладна за пливање.



Тука на сцена стапил Фернандо Фишман и неговата компанија Crystal Lagoons која го завршила базенот во 2006-та година, а како што зборуваат некои нови проценки, трошоците за изградбата на базенот биле нешто помалку од две милијарди долари.



Бидејќи е изграден веднаш до луксузното одморалиште Сан Алфонсо дел Мар, просечните Чилеанци тешко дека ќе можат да си дозволат посета на големиот базен.



Секоја година се трошат околу четири милиони долари само на одржување на огромниот базен, кој на некои места е длабок и повеќе од 30 метри.






No comments

Powered by Blogger.