Иранците со порака до Трамп: Треба да поразговарате со Саудијците за тоа како да го избегнете следниот 11-ти септември

Пишува: Точка

Иранскиот министер за надворешни работи упати остар коментар со јасна алузија - „Можеби треба да поразговарате со вашите саудијски партнери за тоа како да го избегнете следниот 11-ти септември“.

Шефот на иранската дипломатија, Мохамад Џавад Зариф имаше интересен коментар во врска со посетата на Доналд Трамп на Саудиска Арабија. Тој го советуваше американскиот претседател дека можеби со неговите саудијски партнери треба да поразговара за тоа како да го избегне следниот 11-ти септември.

Иранксиот министер за надворешни работи реферираше на терористичкиот напад на САД на 11-ти септември 2001-ва година. Имено, тој напад беше изведен од терористи кои што во најголем број доаѓаа од Саудиска Арабија. Според некои аналитичари, постои сомнеж дека дури и саудиската власт била вмешана во организацијата на нападите.



Од друга страна, Доналд Трамп кој во неколку наврати ја критикуваше Саудиска Арабија за време на својата претседателска кампања, откако се всели во Белата куќа во неколку наврати нагласи како токму Саудиска Арабија е клучниот фактор за борбата против радикалниот ислам и тероризмот.

Покрај тоа, вреди да се истакне дека за време на посетата на Трамп на Саудиска Арабија, двете земји постигнаа договор САД да им продаде на Саудијците оружје во вредност од дури 350 милијарди долари, од кои 110 милијарди ќе бидат исплатени веднаш.



„Овој пакет ја покажува посветеноста на САД кон нашиот партнер Саудиска Арабија, додека истовремено ги шириме можностите на американските компании во овој регион“, соопштија од Белата куќа после потпишувањето на договорот.

No comments

Powered by Blogger.