Го опишала силувањето во 11 твитови: „Ако жртвата доживеала оргазам, не значи дека го сакала тоа, ниту дека уживала”

Image result for @_clvrarose
ПИШУВА: ТОЧКА

Една девојка од Лондон, која на Твитер се претставила под корисничкото име @_clvrarose, одлучила да појасни што значи да се биде силувана. Во само 11 куси твитови, таа ја изнела суштината, а нејзините зборови се ретвитувани речиси 7.000 пати.

„Ако пенисот со сила влезе во вагината, телото ќе почувствува болка, па поради тоа спонтано ќе се навлажни, поради нагон да си помогне себеси.“

„Не станува збор за свесна работа, туку тоа е буквално реакција на телото: тоа не значи дека жената ужива.“

„Дури и ако чувството физички е добро, дури и ако доживеала оргазам, не значи дека го сакала тоа, ниту дека уживала.”



„Тоа е реакција на телото. Тоа е она што телото го прави. Не е толку тешко да се разбере.“

„Исто како оние кои имаат скокот не уживаат додека некој ги скокотка, но сепак, се смеат.“

„Само затоа што се смеат, не значи дека уживаат во тоа, тоа е реакција на телото. Немаат контрола над тоа.“

„Некои од вас навистина би требало да го разбираат значењето на она што го зборуваат, бидејќи тоа навистина нема никаква смисла.“

„Дали знаете колку мажи и жени кои се силувани се мразат самите себе, затоа што за време на нападот доживеале оргазам?“

„Тие не уживале во нападот и не можат да прифатат дека телото реагирало на начин кој бил против нивната волја.“



„Ако мажот кого го силуваат, во текот на тој чин има ерекција и дури ејакулира, тоа исто така не значи дека уживал – тоа не било по негова волја.“

„Ако го читате ова и се` уште не можете да сфатите дека жртвите на силување можат да доживеат оргазам за време на силувањето, а дека тоа и понатаму е силување – блокирајте ме. Веднаш.“

После ова, девојката го затворила својот профил за јавноста.

No comments

Powered by Blogger.