10 психолошки проблеми кои настануваат заради лошо воспитување од родителите

Фројд иако некои го побиваат, бил во право. Одредени емоционални и психолошки проблеми на возрасните, навистина потекнуваат од воспитувањето кое го добиле и искуствата кои ги стекнале како деца.



Неколку емотивни проблеми кои се стекнуваат заради несоодветното однесување на родителите:



Постои одреден тип на родители кои уште се познати како „хеликоптер родители“ кои постојат „висат“ над своето дете, го следат во секој чекор и се секогаш дел од неговиот социјален живот.

Подоцна тоа може да доведе до комплетна зависност, па дури и депресија.

Ако не можете да донесете одлука без да се консултирате со некого, тогаш најверојатно сте биле жртва на такво однесување.



Ако родителите постојано кажуваат на своето дете како им било тешко откако се родило, колку проблеми им донело, детето тоа го сфаќа како „Лошо сум. Ако не постоев, немаше да има проблеми“.

Детето тоа несвесно го одразува со повреди на себе и екстремно однесување како опасни спортови, пиење, алкохол, дрога...



Родителите кои често ги повторуваат фразите како „Биди посериозен“, „Не се глупирај“, „Не се однесувај несериозно“ креираат возрасна личност која никогаш нема да може комплетно да се релаксира.



Ако родителите секогаш го споредуваат детето со други, детето кога ќе порасне ќе биде многу самокритично и со ниска самодоверба.



Родителите кои го учат своето дете да не верува во никого, кои често ги спомнуваат фразите „не верувај на никого“, „сите лажат“ и „само јас знам што е најдобро за тебе“ креираат возрасна личност која подоцна не верува на никого и има проблеми во социјалниот живот.



Родителите кои обично ја користат фразата „премлад/а си за тоа“ креираат незрела возрасна личност која подоцна ќе биде зависна од својот партнер.



Оние родители кои го учат детето да биде секогаш покорно, да не се „прави паметно“ и „да не лета со главата во облаците“, креираат личност која подоцна нема да има свое мислење, ниту пак ќе има желба да развие свое мислење.



Ако родителите не се многу дарежливи со своите емоции, го учат и своето дете да ги прикрива своите емоции и најчесто подоцна да ги „дави“ во алкохол.



„Ние самите немавме можност да завршиме факултет, но тебе нема да ти ја негираме таа можност. Зошто не го сфатиш тоа?“

Ова дете подоцна ќе се обвинува за минатото на своите родители и постојано ќе биде под стрес.



Постои уште еден тип на родители, оние кои ништо не му даваат на детето.

„Не ја допирај мачката, ќе те изгребе!“, „Не седи на таа столица, ќе паднеш!“ - родители кои му забрануваат на детето сè и сешто и креираат неодговорна, пасивна и параноична личност.

No comments

Powered by Blogger.