Матурант на 101 година и ќе се запишува на факултет

Џон Моутс чекал да заврши средно 84 години и дипломата ја доби дури кога наполни 101 година.



Џон со децении го чекаше овој момент: во 1933 година не ја зел дипломата бидејќи бил регрутиран во воздухопловните сили како инженер.

Од училишната администрација WSFA рекоа дека не знаеле што да прават кога семејството на Џон побарало да му дадат диплома за завршено средно образование.

„Ги прашавме надлежните дали сакаат да го направат тоа и ни рекоа дека ќе му врачат диплома со огромно задоволство. Многу сме среќни што конечно ја доби дипломата“, вели Ентони Меј, помошник-директор на средното училиште Гошен каде матурираше Џон.

101-годишниот матурант не сакал ников посебен третман на свеченото доделување на дипломите. Единствена желба му било да ја добие дипломата по 84 години.

Тој планира да се запише на Универзитетот на Јужна Алабама и да студира музика.

No comments

Powered by Blogger.