Заев за српската телевизија Н1: Непријатно е како Вучиќ зборува за Македонија

Пишува: Точка

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за Н1 телевизија рекол дека не му бил пријатен начинот на кој српските службеници ги коментирале случувањата во Македонија, но додал дека ќе се обиде да има добри односи со Белград.

"Александар Вучиќ зборуваше за "Македонско сценарио. Непријатно е како соседите зборуваат за Македонија", рекол Заев.


Претседателот на СДСМ рекол дека на Македонците "им е преку глава од кризата". Додал и дека иднината на Македонија е во мултикултурализмот, и дека кризата не е етничка, туку политичка.

Заев изјавил и дека локалните избори треба бидат одржани на 15. октомври, најдоцна до ноември.

Запрашан за едно од "пожешките" прашања кои се поставуваат во Западен Балкан, односно за "Голема Албанија", Заев рекол дека само мал број на луѓе зборуваат за таква идеја и додал дека иднината на Балканот е во "отворените граници и мобилноста на граѓаните".

Заев зборувал и за албанското знаме на бирото на Талат Џафери во Собранието. Рекол дека тоа не е според Уставот на РМ, и додал дека наместо знамето треба да има фотографија од сопругата и децата. "Верувам дека Џафери ќе го почитува Уставот", рекол Заев.

No comments

Powered by Blogger.