Како успеа Uber со едноставен бизнис модел да ја поремети такси индустријата?

Со понудата на сите бенефити како цена и достапност, основачите на Uber успешно креираа сервис за кој никој не беше свесен дека му е потребен


Почнувајќи од 2009 година стариот такси систем почна полека да се распаѓа и да изумира низ неколку градови во светот. Кога се појави Uber, светот За жителите на големите американски градови или останатите метрополи од Лондон до Сингапур веќе некое време е добро познат новиот храбар свет на Uber.

Uber беше основан во Сан Франциско од Тревис Келаник, актуелниот извршен директор на компанијата и од Гарет Камп. Тие развија софтверска апликација која му овозможува на системот да функционира и почнаа да регрутираат возачи. Оттогаш сервисот се распространи во повеќе од 250 градови низ светот, иако со пречки од одредени правни регулативи поддржани од традиционалните такси компании. Иако овие регулативи се сериозни, на луѓето едноставно им е полесно да си најдат такси превоз преку овој сервис, што ја намали работата на такси компаниите.

Додека превозот е поевтин од обично такси, во зависност од локацијата, големата предност на Uber е достапноста, а не цената. Сервисот ги овозможува сите три кориснички бенефити преку својата едноставност:
Лесен за употреба – поедноставен процес на нарачка на такси без повици, без пребарувања; намалена несигурност кога и каков автомобил ќе ви испратат; едноставно плаќање; нема потреба од бакшиш; лесно се дели релацијата; транспарентни цени со точна проценка на релацијата
Корисност – безбедност и мир при возењето; подобар квалитет поради можноста да го оцените патникот и возачот; универзалност – целиот сервис е координиран од мобилна апликација; штедење на време; автоматски електронски сметки; избор на возило – од едноставни до луксузни автомобили
Уметност – искуството кое го откривате кога ќе го споредите сервисот со обичен такси превоз

Самиот систем е доста едноставен, а да не зборуваме за самата компанија. Таа не поседува автомобили туку е само посредник кој преку користење на технологијата ги поврзува корисниците и возачите, а зема само процент од трансакцијата.

Uber е една од најуспешните компании во моментот. Иако стартуваа со многу малку пари, вредноста на компанијата достигна 70 милијарда долари заклучно со ноември 2015 година. Се чини дека новиот бизнис тренд кој гарантира успех е – едноставноста!

Еден од најизвонредните аспекти на Uber е тоа како компанијата успеа да порасне уште во своите почетни денови. Во првите години не потрошија воопшто пари на маркетинг, потпирајќи се на тоа дека нивните корисници ќе го вршат рекламирањето за нив благодарение на добрите искуства. Навистина, неверојатна е брзината со која информациите за добрите карактеристики на една услуга или производ се шират во свет кој е толку испреплетено поврзан.

Друг интересен аспект е тоа што компанијата не само што успеа да заземе дел од еден пазарот, туку успеа и да го прошири истиот. Основачот Тревис Келаник во 2015 година изјави дека традиционалниот такси пазар во Сан Франциско изнесува околу 140 милиони долари годишно, додека пак бруто приходите на Uber годишно изнесуваат околу 500 милиони долари – три пати повеќе од приходите на традиционалниот такси пазар.

Дополнително, приходите на сервисот во Сан Франциско се зголемуваат тројно од година во година, што значи дека во наредните години тие ќе бидат десет пати поголеми од приходите на такси пазарот.


Значи, може да се заклучи дека отсекогаш се знаело дека Uber ќе стане непобедлив тогаш кога ќе го усоврши својот сервис. Компанијата има постојано директни приходи од процентот добиен од секоја трансакција, додека трошоците за маркетинг воопшто не постојат.

Не можеме да не се запрашаме зошто Uber имаше потреба од дополнително прибирање на финансиски средства? Зарем оригиналната идеја која се засноваше на едноставност не е доволна за да се осигура бизнисот?

Одговорот е дека успехот не е секогаш загарантиран. Постојат одредени карактеристики на Uber сервисот со кои основачите наидоа на предизвици, конкретно на три драматични пресврти.

Прво, основниот сервис на Uber е лесно и евтино заменлив. Имено, компанијата доживеа неколку копии низ повеќе континенти во светот, во повеќето случаи со помалку од милион долари инвестициски капитал. Важноста на ова не смее да се потцени: за да може Uber да успее на долгорочен план, мора да развие феноменална проценка која ќе ги анулира неговите ривали.

Вториот предизвик со кој се соочи компанијата не е само појавата на компании ривали туку и корисници кои го деградирале сервисот на Uber во градови каде што неговите ривали се пораспространети од него. Тоа значи дека е опасно да се биде помал од лидерот на тој пазар бидејќи таквите маркети најчесто функционираат со една или две конкурентни компании, а услугата на еден сервис станува најдобра само поради фактот дека е понудена од најголемата компанија.


Финално, Uber треба да се соочи со фактот дека неговиот сервис е локален и се фокусира на поединечни градови. Компанијата треба да го имплементира својот сервис низ многу градови и места низ светот во исто време за да ја претекне својата конкуренција.

Значи, далеку од фактот дека успехот е загарантиран. Uber беше принуден да настапи како параноичен конкурент на пазарот. Во август 2014 година „Волстрит журнал“, анализирајќи го Lyft, помал ваков такси сервис и конкурент на Uber во Сан Франциско, го објави следното: „Заборавете ја борбата меѓу Apple и Google. Најжестоката борба во технолошки капитал веројатно ќе се случи меѓу два стартапи кои го заговараат пропаѓањето на такси индустријата – како и меѓусебната пропаст.“

Имено, Lyft го обвини Uber дека ги презема неговите возачи со цел да ја поремети нивната мрежа на раст. Компаниите продолжија да се обвинуваат меѓусебно за нарачување и откажување на такси нарачки со цел да се поремети системот. Uber настапи агресивно и во поглед на правните регулативи и нејасните закони. Компанијата ја напушти и својата стара и испитана маркетинг стратегија, па почна да вложува повеќе средства во регрутирање на возачи и рекламирање на својот сервис насекаде.

(Еntrepreneur)

No comments

Powered by Blogger.