Сосема поинаква Лејди Гага во реклама за Tiffany & Co.



Пејачката Лејди Гага е новото заштитно лице на култната компанија за луксузен накит Tiffany & Co.

Елегантната реклама во која го нема екцентризмот препознатлив за Гага, ја снимаше фотографот Дејвид Симс во соработка со легендарната стилистка Грејс Кодингтон.

„Сметам дека накитот, како и сите модни додатоци, пружаат прилика да го нагласите она што го носите“, рече Лејди Гага за соработката.

Линијата што ја рекламира Гага ќе биде достапна во продажба од 28 април, а онлајн од 2 мај.

No comments

Powered by Blogger.