Samsung трба да му плати на Huawei 11,6 млн. долари за патентни нарушувања


Huawei запиша прва судска победа над Samsung во битката за права на интелектуална сопственост. Кинески суд утврди патентни нарушувања на три подружници на Samsung кои работат во земјата.

Според пресудата, Samsung треба да плати на единицата Huawei Device, одговорна за производство на паметни телефони, парична казна во износ од 80 милиони јуани (11,6 милиони долари), соопшти Quanzhou Evening News.

Ова е прва пресуда од серијата тужби на Huawei против јужнокорејскиот гигант. Во мај 2016 година Huawei иницира судски постапки против Samsung во Јужна Кореја и САД, откако го обвини својот конкурент за прекршување на патенти во областа на смартфоните. Потоа, Samsung поднесе во Кина противтужба против Huawei за нарушени интелектуални права.

Официјалниот портпарол на Huawei ја поздрави одлуката на судот, а Samsung, од своја страна, изјави дека ќе земе одмазднички мерки откако ќе се запознае подетално со документот.

Покрај трите единици на Samsung обвинети во случајот се и две кинески компании кои учествувале во изготвувањето на над 20 видови смартфони и таблети за корејската компанија. Huawei побара компензација за тоа дека Samsung има продадено над 30 милиони уреди во вкупна вредност од 12,7 милијарди долари, прекршувајќи нејзини патенти.

Судот го задолжи Samsung да ги прекине патентите прекршувања на правата на Huawei и нареди на трите единици на компанијата во Кина да ја компензираат оштетената страна во спорот.

No comments

Powered by Blogger.