Колку чини производството на еден Samsung Galaxy S8?

Колку чини производството на еден Samsung Galaxy S8?

Samsung Galaxy S8 е поскап од својот претходник, но едвај има потреба да ви го кажуваме тоа. Од агенцијата IHS Markit одлучиле да проверат што доведе до зголемување на цената на материјалите и кои компоненти всушност поскапеле.

Од прелиминарните резултати, станува јасно дека материјалите за изработка на верзијата на Galaxy S8 со 64GB вградена меморија чинат 301,6 долари, а за производство одат уште 5,9 долари, што значи дека крајната сума се зголемува до 307,5 долари. Ова покажува дека Galaxy S8 чини 43,34 долари повеќе од Galaxy S7 и за 36,29 долари повеќе во однос на производствената цена на Galaxy S7 Edge.

Како што може да се претпостави, највисока е цената на заоблениот дисплеј – 85 долари, а чипсетот е во вредност од 45 долари. Меѓу другите поскапи компоненти се меморијата (41,5 долари), камерите (20,5 долари) и шасијата со други механички детали (22,5 долари). Разликата со најевтината пазарна цена на телефонот во САД е 412,5 долари, но тоа е профитот на компанијата, бидејќи таа има дополнителни трошоци за испорака, софтвер, маркетинг, увозни давачки, итн.

Во прилог операторите и трговците исто така добиваат дел од крајната цена.

No comments

Powered by Blogger.