Супер реален концепт за Samsung Galaxy Note 8



Откако Samsung претстави сосема освежен дизајн на премиум моделите Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus, време да се размислува за следниот супер фаблет кој треба да пристигне кон крајот на есента. Затоа артистот Бенџамин Гескин го реализираше првиот концепт за Samsung Galaxy Note 8 кој изгледа многу реално, наместо во него да вметнува свои замисли за тоа што очекува.

Според Гескин Samsung Galaxy Note 8 треба да има фантастичен 6.4 инчен дисплеј кој би бил досега најголем во серијата на фаблети на Samsung Mobile за целосно да се искористи новиот дизајн со ултра тенка рамка околу екранот и остранување на главното физичко копче кое е заменето со капацитативни вградени копчиња за интерфејсот. Што мислите вие за концептот на Samsung Galaxy Note 8?

No comments

Powered by Blogger.