Samsung вложува 9 милијарди за развој на OLED дисплеи


Samsung Display наводно започнува со големи вложувања во OLED дисплејот на телефоните. Samsung ќе потроши 9 милијарди долари за развој на нов OLED дисплеј. Корејскиот гигант ќе соработува со неколку такви компании, со што планира да го го замени своето моментално LCD производство со OLED.

Samsung треба да плати 2.7 милијарда долари за да произведе 30,000 примероци од 6-та генерација на OLED панели годинава, и уште 2.7-3.5 милијарда долари за проширување на капацитетот на производство од 30,000 – 45,000 на 120,000 OLED дисплеи месечно. Компанијата моментално држи 95% од пазарот на OLED дисплеи за смартфони, кој ќе биде единствен снабдувач на OLED дисплеи за Apple iPhone 8.

No comments

Powered by Blogger.