Некој ќе добие отказ: Pepsi ја повлече рекламата со Кендал, бидејќи „ја промашиле поентата“

После негативните коментари и критиките, Pepsi се извини и ја тргна контроверзната реклама со Кендал Џенер.



„Pepsi се обиде да прикаже глобална порака за единство, мир и разбирање“ - изјавија од брендот.

„Очигледно ја утнавме поентата и се извинуваме. Не мислевме да се пошегуваме со било какви сериозни теми. Ја отстрануваме содржината. Се извинуваме што ја ставивме Кендал Џенер во оваа позиција“.

Компанијата која произведува газиран пијалак го објави ова 2 и пол минутно видео кое беше креирано од Creators League Studio, а реакциите се појавија уште првите неколку минути од објавата.

Како тоа ќе влијае на вработени кои биле одговорни за оваа рекламна кампања? Сè уште не се знае.


No comments

Powered by Blogger.