Први фотографии направени со OnePlus 5!

Веќе се појавија први фотографии направени со OnePlus 5, уред кој очекуваме да биде најавен во секој момент:



Телефонот ќе има 5.5 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Под хаубата, ќе се наоѓа Snapdragon 835, 8GB RAM и 64GB/128GB меморија. Се очекува да работи на Android 7.1.1 и батерија од 4000mAh.



Како што може да забележите, на втората слика има мало замаглување, што значи дека најверојатно станува збор за дуален систем камери. Според мислењето на професионален фотограф, камерите би биле отприлика од 16 мегапиксели.




Сеуште не се познати останатите информации за уредот, но ги очекуваме наскоро.

No comments

Powered by Blogger.