Урнебесни реакции за новите униформи на McDonald’s

Ако крајот на светот е блиску, McDonald’s сака неговите вработени да бидат соодветно облечени за пригодата.



Синџирот ресторани за брза храна ги претстави новите униформи, а интернетот само што не експлодира од досетливи коментари и апокалиптични сценарија.

McDonald’s избра темни, здодевни униформи за своите вработени во кои просто изгледаат тажно.

Според соопштението од компанијата, униформите што се дизајнирани во соработка со дизјанерите Вараире Босвел и Бинду Ривас овој месец треба да се појават зад пултовите на McDonald’s во САД.

Новите униформи веднаш наидоа на реакции од муштериите и корисниците на социјалните мрежи кои ги споредуваат со униформите од The Hunger Games, со мотиви од Star Wars или просто се потсмеваат со тоа колку депресивно изгледаат.

No comments

Powered by Blogger.