Европејците се посрамија, ништо не е "Je Suis St. Petersburg": Само Израел во боите на руското знаме

Пишува: Точка

Четиринаесет загинати, а 48 повредени, како што се тврди, во нападот на бомбашот самоубиец во метрото во Санкт Петербург, но европските градови не светат во боите на руското знаме.

Фактот дека европските градови не ја изразиле солидарноста која обично ја искажуваат во слични ситуации, не ја занемариле никои корисници на Твитер, кои се запрашале дали Париз, Берлин, Лондон и другите западни престолнини ќе им оддадат почит на жртвите на нападот во Русија, како што го правеле тоа по неколку терористички напади во Европа.
Tel Aviv city hall is lit up with the colours of the Russian flag after today  terror attack
Многу светски лидери им изразиле сочувство на оние кои биле погодени во нападот, но во понеделникот навечер ниедна знаменитост не засветила во боите на руското знаме, иако некои креативци на социјалните мрежи се обиделе тоа да го "поправат".
.@TourEiffelTweet dazzling as normal, but will there be a display tonight to mark the attack in  ?
Германската Бранденбуршка капија има историја на искажување на солидарност со земјите по сличните напади во Париз, Брисел, Лондон, Орландо, Истанбул, Ница и Ерусалин, како што пишува Berliner Zeitung, но еден претставник на германската новинска агенција рекол знаменитоста не е во руските национални бои бидејќи Санкт Петербург не е партнер град на Берлин, а "исклучоци треба да се прават само во посебни случаи".

Израел, меѓутоа, го изразил своето сочувство и солидарност со жртвите, осветлувајќи го градскиот парламент во Тел Авив во боите на руското знаме.



No comments

Powered by Blogger.