Британец полета во костум на Iron Man кој сам го изработил


Британскиот изумител, екстремен спортист и инженер Ричард Браунинг, неодамна полета како вистински суперхерој во летечки костум кој сам го изработил.

Браунинг ужива во изработка на костуми од различни материјали и со различни механизми, но тој признава дека на почетокот доживеал огромен број на тешки падови.


“Постојано паѓав, но станував и учев нешто од тоа” – вели Ричард.



Првиот пат кога неговиот тим одлучил да застане позади неговата идеја е кога Браунинг успеал да се задржи шест секунди во лет. По надоградба на костумот, тој успеал да лета во истиот цели 55 секунди.


Овој ентузијаст, пред неколку месеци ја основал организацијата “Gravity Industries” која има за цел поттикнување на идеи за човечкото летање и развивање на технологијата со адекватни погони.

Браунинг сонува дека еден ден тој би можел “да полета од брегот на некоја плажа и да се вивне кон небото, можеби да влезе во хеликоптер и оттаму да го продолжи патувањето”.

Иако моментално успева да се подигне од тлото, тој верува дека во иднина би можел да лета со повеќе од 300 км/ч, на висина поголема од 600 метри.

No comments

Powered by Blogger.