Бела Хадид ги прекрши правилата на Instagram и објави топлес фотка

Познатата 20-годишна манекенка Бела Хадид објави топлес фотографија на Instagram, со што ги прекрши правилата за објавување на оваа социјална мрежа против објавување разголени фотографии и снимки.


Фотографијата на Бела била направена на нејзиното најново снимање за списанието Porter. За потребите на снимањето манекенката отпатувала на Бахамите и се препуштила на стилистот Џорџ Кортина и контроверзниот фотограф Тери Ричардсон.

Кај овој фотограф голотијата речиси секогаш е мотив или инспирација. Од многуте разголени фотографии направени на фотосеијата, Бела реши една да сподели и на Instagram.

Засега, нема индикации дали фотографијата ќе биде тргната бидејќи се коси со правилата на социјалната мрежа.


No comments

Powered by Blogger.