Huawei Nova Smart пристигна во Европа по цена од 200 евра!

Производството на Huawei смартфоните е преголемо во последно време, а компанијата претстави десетина нови телефони само во последните неколку месеци. Најновиот член на Huawei семејството само што се појави и во Европа!


Бидејќи е дел од Huawei Nova серијата, станува збор за уред од средната класа кој доаѓа со 5 инчен HD (720p) дисплеј. Работи на Qualcomm Snapdragon 435 процесор, заедно со 2GB RAM и 16GB меморија.






Покрај тоа, доаѓа со Android 6.0 Marshmallow, што е престара платформа дури и за поевтин телефон. Но, телефонот се оправдува со огромната батерија од 3020mAh. Задната камера ќе биде од 13 мегапиксели, а предната од 5 мегапиксели. Неговата цена е 200 евра.







Инаку, Huawei Nova Smart е само различно име за Honor 6C, истотака познат како Huawei Enjoy 6s. Збунувачки?

No comments

Powered by Blogger.