Huawei го претстави Enjoy 7 Plus за големо уживање


Huawei продолжува да лансира нови смартфони речиси секоја втора недела, па така сега ни пристигнува новиот Enjoy 7 Plus кој со големиот екран и батерија, како и прифатливата цена треба да привлече голем број на купувачи.

Huawei Enjoy 7 Plus располага со 5.5 инчен дисплеј со HD резолуција, работи со осум-јадрен Snapdragon 435 процесор, 3 GB RAM меморија и 32 GB простор за фајлови, како и одлична батерија со капацитет од 4.000 mAh, главна камера со 12 мегапиксели, селфи камера со 8 мегапиксели и скенер за отпечатоци од прсти.

Huawei Enjoy 7 Plus го користи најновиот оперативен систем Android 7.0 Nougat и со добрата оптимизација се очекува да има доста солидни перформанси, секако гледано според ценовната категорија до 250 долари на која и припаѓа.

No comments

Powered by Blogger.