Смртоносно оружје кое го избегнувал дури и Хитлер: За помалку од 10 секунди се јавуваат симптоми, а по неколку минути луѓето умираат во најстрашни маки

Пишува; Точка

Повеќе од 70 луѓе загинале од вдишување бојниот отров во сирискиот град Кан Шеикхон, а симптомите кои ги опишале лекарите на лице место се поклопуваат со симптомите на труење со нервниот гас сарин.

Симптомите вклучуваат раширени зеници, грчеви во мускулите и ненамерно празнење на цревата, а дека станува збор за невротоксичен отров потврдиле и Лекарите без граници, чии припадници ги лечеле отруените.

Саринот е хемиско оружје кое случајно го откриле научниците на Хитлер додека трагале по нови инсектициди.

Хемичарот кој работел на проектот мислел дека не успеал во својата задача, бидејќи инсектицидот бил многу отровен по луѓе и животни, но токму поради тоа му станал и интересен на Хитлер, кој го проследил до одделот за развој на оружје.



Хитлер бил толку задоволен со новото оружје и нарекол "Сарин", по научниците кои го откриле - Герхард Шрадер, Ото Амброс, Герхард Рихтер и Ханс Јурген вон ден Линде.

Симптомите од изложување на сарин настапуваат веднаш, а причинуваат смрт во агонија. Вдишување на мали количини ги предизвикува првите симптоми за помалку од 10 секунди - повраќање и плитко и нередовно дишење.



По помалку од една минута од изложувањето, телото повеќе не може да го контролира дишењето. Дробовите лачат течност за да го одбијат гасот, од што на жртвите од устата им излегува пена.

Како телото ја губи контролата над физиолошките функции, доаѓа до неконтролирано влажнење на устата, солзење, уринирање, празнење на црева и повраќање.

Многу жртви загинале по неколку минути од вдишувањето. Најдолго преживуваат десеттина минути по изложеноста на смртоносната доза. Оние кои ќе преживеат, преживуваат бидејќи биле изложени на помали дози - на пример, допреле отруена личност - а често претрпуваат и трајни оштетувања на мозокот и нервниот систем.



Германија во Втората светска војна произвела десет тони сарин, но никогаш не го искористила. Советниците го предупредиле Хитлер дека Британија и Америка, кои имале масовни резерви на иперит, би можеле да возвратат со хемиско оружје.

Ирачкиот диктатор Садам Хусеин, употребил сарин против Курдите во градот Халабџи во 1998. година, а во нападот на самото место загинале 5.000 луѓе, додека уште 12.000 загинале во наредните денови и месеци.

Припадниците на јапонски верски култ пуштиле сарин во вентилацискиот состав на подземната железница во Токио, при што настрадале 12 луѓе, а повредени биле повеќе од 5.000.



Саринот е официјално забранет со конвенцијата на ОН за хемиско оружје од 1997. година, но не биле уништени сите резерви.

Поранешниот американски претседател, Барак ОБама, ја обвинил Сирија дека фрлила тон сарин на подрачјето на Дамаск кое било под контрола на бунтовниците, при што загинале 1.400 луѓе.

Најновите сцени од Сирија укажуваат на уште еден напад со смртоносен отров, иако спротивставените страни вината ја префрлуваат едни на други.



Руското министерство за одбрана тврди дека во нападот на градот била уништена зграда во која имало арсенал хемиско оружје, но сведоците на нападот тврдат дека во градот не постоело никакво складиште за оружје, и дека најмалку една бомба паднала на автопат.

Американските аналитичари тврдат дека сирискиот претседател Башар ал-Асад одлучил да користи хемиско оружје против бунтовниците за да им покаже дека може да прави што сака, без страв од одмазда.



Потврдена употребата на хемиско оружје во нападот

Резултатите од обдукцијата покажале дека во нападот на сириската покраина Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, било употребени хемиско оружје, рекол турскиот министер за правда денес, а го цитира државната новинска агенција Anadolia.

Повеќе од 20 жртви на нападот биле одведени преку граница во Турција поради лечење, и тројца загинале во болницата, објавила телевизиската мрежа NTV.



"Како резултат на обдукцијата, установено било дека е употребено хемиско оружје", рекол министерот за правда, Бекир Боздаг.

Најмалку 86 луѓе загинале во хемискиот напад на Кан Шеикхон во покраината Идлиб на северозападот на Сирија, соопштила Сириската опсерваторија за човекови права.



Во нападот биле убиени и 30-тина деца.

Неколку западни земји за нападот ја обвиниле сириската влада, а тие обвиненија сириската војска ги негира.

No comments

Powered by Blogger.