Hooters го менува имиџот на келнерките

Семејна атмосфера не е првото нешто што ви паѓа на памет кога ќе помислите на Hooters.



Меѓутоа, компанијата што планира да отвори над 30 нови локали низ Азија има намера да го смени тоа, а прв чекор е промената на имиџот.

Според Нил Бејли, претседател на Hooters Asia, компанијата сака муштериите да имаат „доживување како во семеен ресторан“ во локалите во регионот.

Терминот „Hooters девојка“ долго време се поврзуваше со скудна униформа составена од разголен топ и кратко здолниште, но најверојатно униформите во Азија ќе изгледаат малку поинаку.

Во локалот во Џакарта, Индонезија, на пример, компанијата работи на нова униформа со подолго здолниште или шорцеви, повисок околувратник и подебели чорапи.



No comments

Powered by Blogger.