Honor 8 Pro е најдобриот Huawei уред досега!

Постојат Honor и Huawei. Иако технички станува збор за истата компанија, оваа недела Honor претстави еден од најдобрите телефони во целата компанија.



Honor 8 Pro доаѓа со 5.7 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 1440 x 2560 пиксели. Под хаубата, се наоѓа Kirin 960 процесор со 6GB RAM и 64GB меморија. Доаѓа со нова функција на камерата, во соработка со GoPro наречена Highlights, која сама креира видео приказни од материјалот достапен во галеријата.





Кога сме кај камерите, уредот доаѓа со две 12 мегапикселни камери од задната страна, а предната камера е од 8 мегапиксели. Батеријата е од неверојатни 4000mAh, и е една од најдобрите спецификации на уредот.





Цената на уредот е околу 593 долари во Европа.

No comments

Powered by Blogger.