Остри обвиненија на „Guardian”: Руските војници биле во сириската база за време на подготовките за хемискиот напад

Пишува: Точка

Британски „Guardian” се повикува на извори од американските разузнавачки служби и тврди дека руските војници биле присутни во воената база Ал Шајрат во Сирија во моментот на наводното вметнување на отровниот гас сарин во авионите, по што бил нападнал Кан Шеикун. И понатаму не е јасно дали Русите знаеле што се случувало во тој момент.

Базата е голема и покрива простор од околу осум квадратни километри. Има две писти и повеќе од десет згради, силоси и магацини. Сириските бунтовници тврдат дека го идентификувале пилотот одговорен за нападот на Кан Шеикун во близина на Идлиб.



По нападот со хемиско оружје дошло до уште еден удар, кога врз Кан Шеикун била фрлена конвенционална бомба. Податоците кои до „Guardian” ги доставиле американските служби покажале дека по наводниот хемиски напад, на Кан Шеикун била фрлена уште една „конвенционална бомба“, по што радарските служби забележале „Сухој“ како ја прелетува областа Идлиб, пишува Blic.rs.

Воздушниот простор на северна Сирија постојано го надгледуваат Русија, САД и Турција.



За потсетување, САД извршиле воздушни удари на базата на сириската војска во знак на одмазда за нападот со хемиско оружје на Кан Шеикун, град под контрола на бунтовниците. Во нападот биле убиени најмалку седум сириски војници, а базата е речиси целосно уништена.

No comments

Powered by Blogger.