Google апликација која ги поправа Вашите цртежи во секунда

Немате талент за цртање? Не грижете се – Google создаде апликација која ќе ги претвори Вашите цртежи во уметнички дела.

Google ја претстави новата апликација наречена AutoDraw, со помош на која ќе нацртате што и да посакате, дури и ако не сте талентирани за тоа.

Апликацијата ги препознава Вашите идеи за тоа што сакате да нацртате и со тоа Ви нуди неколку готови опции кои најмногу одговараат на Вашите намери. Само со еден клик, Вашиот цртеж ќе се претвори во готов производ кој можете да го поместувате или надоградувате со други цртежи.



На пример, можете да почнете да цртате масичка, која AutoDraw ќе ја препознае и веднаш ќе Ви понуди неколку цртежи на масички. Потоа, врз масичката можете да нацртате телевизор и да одберете некои од понудените опции итн.

Оваа апликација нуди и опција за слободно цртање. Секако, можете да избирате и бои, да ги менувате четките за цртање, да избришете сè, да пополнувате со боја итн.

AutoDraw работи на сите платформи и е бесплатна апликација, а истата претставува екстензија на еден од многуте експерименти на Google за развој на вештачката интелигенција под името QuickDraw.

No comments

Powered by Blogger.