Благодарение на новата опција на Google Maps, секогаш ќе знаете каде ви е паркиран автомобилот


Добра вест за расеаните сопственици на автомобили: Google Maps од сега ќе памти наместо вас, каде сте го паркирале автомобилот. Прекрасно, зар не?

Опцијата првично била пуштена како бета верзија од Google Maps само за корисниците на оперативниот систем Android, но сега таа е достапна за сите, вклучувајќи ги и корисниците на iOS.

Прилично е едноставна за користење: само зачувајте го вашето паркинг-место на мапата. Исто така можете да си поставите тајмер (за да одбегнете казна), можете да ја испратите локацијата од вашиот автомобил на пријател или да зачувате фотографија од локацијата.



За да ја активирате опцијата на Android на екранот треба да ја допрете сината точка и да изберете Save your parking, после што на мапата ќе се појави знак кој ја покажува локацијата на вашиот паркиран автомобил.

Истото важи и за корисниците на iPhone - Set as parking location.

За да ја добиете новата опција, треба да ја преземете надградбата од Google Play Store / App Store.

No comments

Powered by Blogger.