Лидерите од G7 во Италија - Се подготвува казна за Путин: "Нека размисли внимателно за тоа што го прави"

Пишува: Toчка

На средбата на министрите за надворешни работи на земјите од G7, која во понеделник и вторник се одржува во тосканскиот град Лука, најверојатно ќе доминира темата на се поагресивната Северна Кореја и улогата на Русија во Сирија.

Меѓународните тензии се зголемија од минатата недела откако американската војска го бомбардираше сирискиот воен аеродром, против што се побуни Русија, сојузничка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а Северна Кореја ова го претстави како оправдување за својата нуклеарма програма.

Рускиот претседател, Владимир Путин, чија држава е суспендирана од G8, по анексијата на Крим во 2014-та година, американскиот напад го нарекол "агресија против една суверена држава", цитираат руските државни медиуми.

Доаѓаат нови санкции

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, кој по средбата со G7 ќе се сретне и со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лаворов, изјави дека е време "Русите внимателно да размислат за нивната поддршка на режимот на Асад", откри висок официјален претставник на State Department.

Во исто време, силите на американската морнарица се движат кон Корејскиот полуостров, потикнати од минатонеделното лансирање на балистичка ракета од страна на Северна Кореја пред средбата на претседателот на САД, Доналд Трамп со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Италија, како домаќин на средбата на G7, севернокорејската "алармантна експанзија на балистички и нуклеарни системи" ја нарече "алармантна". Велика Британија веќе најави дека ќе бара воведување на нови, остри санкции против Русија.



G7 се состои од Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, а на средбата ќе присуствуваат и претставници на Европската унија.

No comments

Powered by Blogger.