Иванов: Беше договорена коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но во последен час еден телефонски повик расипа сè

Пишува: Toчка

Во интервју за австрискиот дневен весник „Винер Цајтунг“, претседателот Ѓорге Иванов открива дека сепак имало договорена коалиција помеѓу ВМРО-ДПМЕ и ДУИ.

Тој посочува дека од прогласувањето на независноста на Република Македонија секогаш прво пласираната партија на изборите го добивала мандатот за составување на Влада.

„Но, ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик – и коалицијата се распадна„, вели Иванов во интервјуто, додавајќи дека новинарот мора сам да открие кој бил повикувачот.

Иванов, исто така, потенцира дека ако во случај се избере претседател на Собрание, а шефот на СДСМ повторно се договори со партиите на македонските Албанци да состави Влада, тој нема да го даде мандатот.

„Јас на таква коалиција нема да го дадам мандатот, и тоа од политички причини„, вели Иванов посочувајќи ја Тиранската платформа како политичка пречка„.

No comments

Powered by Blogger.