Некогаш луксузно одморалиште, сега град на духови: Сè се променило кога војската убила туристка од Јужна Кореја

Пишува: Точка

"Daily Mail" објавил фотографии на кои се гледа 400 милиони вреден луксузен туристички комплекс во Северна Кореја, кој сега е напуштен откако таму била убиена една жена од Јужна Кореја.

Луксузното планинско одморалиште Маунт Кумганг е изградено во 1998. година од страна на јужнокорејската компанија "Hyundai", која платила милијарда долари за 50 години ексклузивни права на користење на тоа одморалиште. Но, откако во 2008. година таму била убиена државјанка на Јужна Кореја, 53-годишната Парк Ванг Ја, Јужна Кореја одлучила да сопре со сите туристички активности на тоа место, а ресорот го преземала Северна Кореја.

500 метри квадратни стојат празни

Сега тој комплекс голем 500 метри квадратни стои како град на духови, и покрај бројните хотели, пожарни станици, туристички канцеларии, голф терени, супермаркети, болници, па дури и тури низ околните планини.



Фотографиите прикажуваат комплекс кој сега е целосно празен, освен неколку насмеани жени кои таму ги вработил Ким Јонг Ун.

Инаку тој ресор требало да служи како место на кое може да се сретнат роднини од Јужна и Северна Кореја, и да уживаат во планините и природните убавини. Таму членовите на семејствата можеле непречено да се состануваат, некои и за прв пат по многу децении.


Комплексот се наоѓа во близина на демилитаризирана зона, а од 1998. до 2008. година привлекувал речиси 2 милиони туристи од Јужна Кореја.

Убиената не го послушала предупредувањето на војникот


Убиената госпоѓа Парк одела по плажата и влегла во оградено севернокорејско воено подрачје во близина на ресорот, каде ја застрелал стражар. Така соопштиле тамошните службеници, а севернокорејската влада рекла дека Парк ги игнорирала предупредувањата на војниците, кои и кажале да се држи подалеку.


Во знак на одмазда, Северна Кореја одлучила да го заземе целиот комплекс.

"Сметаме дека Југот целосно се откажа од правата на местото кое го поседуваат јужнокорејски компании, и сега започнуваме и правни чекори за тоа", било соопштено.


Нов проект - брод со казино

Северна Кореја соопштила дека имотот ќе биде заземен, и додала дека вработените од Јужна Кореја во рок од 72 часа мора да го напуштат тоа подрачје.


Од 2008. година овој луксузен комплекс станал град на духови. Тоа подрачје сега можат да го посетат само некои туристи од Западот.

Најновите вести од ова место велат дека Северна Кореја се обидува да воспостави и брод со казино, кој би патувал од Кумганг до Владивосток.



No comments

Powered by Blogger.