Премиерата на Deadpool 2 ќе биде во 2018 година

Deadpool 2 ќе биде летен хит, но обожавателите ќе треба да почекаат до следното лето, поточно почетокот на јуни, 2018 година.



Hollywood Reporter објави дека 20th Century Fox го одредил датумот за премиера на продолжението на ланскиот хит Deadpool, а тоа најверојатно ќе биде 1 јуни, 2018 година.

Во оригиналниот филм, еден вид комедија за супер(анти)херои, главната улога ја игра Рајан Рејнолдс.

Продолжението ќе почне да се снима на 19 јуни годинава, а режисер ќе биде Тим Милер.

No comments

Powered by Blogger.