Опасни фотографии: "Никогаш на овој начин не се фалите со патувањето, нема добро да минете"

Пишува: Точка

Иако сите сакаат на социјалните мрежи да се пофалат со својот годишен одмор и егзотично патување, тоа не е баш паметно.

За оние кои на социјалните мрежи објавуваат фотографии од своите бординг пасови, за да се пофалат со патувањето на кое тргаат, тоа е многу лоша идеја поради безбедноста. Имено, на "Boarding Pass"-от има лични податоци кои никако не би смееле да споделите со сите, а во бар кодот се сите податоци за летот.

Брајан Кребс од страната "Krebs on Security" предупредува дека е многу едноставно, од фотографиите на Фејсбук или Инстаграм, да се украдат сите податоци за бординг пасот за летот на патникот.

Ако некој го фотографира и внесе на некој ол-лајн читач, податоците ќе се појават многу брзо.

На почетокот на оваа година, му се јавил еден читател на неговата страна, кој бил запознаен со овој проблем, па земал фотографија која негов пријател ја објавил на Фејсубк. Го зголемил "скрин шотот" на страницата и пронашол он-лајн читач на податоци, кој брзо му ги открил сите детали за патувањето на тој пријател. Покрај името, бројот на летот и другите податоци, дошол до код со чија помош на страната на авиокомпанијата, користејќи го името на својот пријател, дошол до податоци за летот, но и за идните летови кои ги резервирал.







Таму имало и броеви на телефони на патници и податоци за лицето кое го резервирало летот. Со влез на таква корисничка сметка, поискусен хакер би можел да го промени местото на седење или дури и да откаже некој нареден лет. Хакерот на овој начин може да го промени и ПИНК кодот, пишува Кребс.



Поради сето ова, можеби е добро ваквите фотографии да не ги поставувате на социјалните мрежи.

No comments

Powered by Blogger.