Први снимки од бомбардираната база во Сирија

Руската телевизија Russia-24 објави прва снимка од сириската база Шајрат која беше бомбардирана од САД со 59 Tomahawk ракети по нападот со хемиско оружје во Идилиб.



Видеото ги покажува оштетените делови од базата, пренесува RT. Очигледно се оштетени многу хангари со авиони, додека пистата е со помали оштетувања. Видеото е направено од новинарот Евгени Подубни, кој исто така објави и неколку фотографии од местото на настанот, на социјалните мрежи.
Неколку фотографии има објавено и фотографот Александар Пушин.







No comments

Powered by Blogger.