Советникот на Трамп за национална безбедност: Време е за тешки разговори со Русија

Пишува: Toчка

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Херберт Рејмонд Мекмастер порача дека е време за сериозни и тешки разговори со Русија во врска со Асад.

Мекмастер за време на интервјуто за "ABC News" порача дека веќе дошло времето за „тешки разговори“ со Русија во врска со нивната поддршка за сириската Влада и во врска со нивните „субверзивни потези во Европа“.

Мекмастер тврди дека руската поддршка за сирискиот претседател Башар Ал Асад ја разгорела сириската граѓанска војна која се проширила во соседен Ирак, но исто така влијае и во сите земји во регионот, како и на Стариот континент - Европа.



„Мораме да разговараме за руската поддршка за тој страшен режим, како и за руските субверзивни потези во Европа. Сметам дека сега е време да започнат тие разговори“, истакна советникот на Доналд Трамп за американската национална безбедност.

Да потсетиме, односите помеѓу Русија и Соединетите Американски Држави дополнително се влошија откако американскиот претседател Доналд Трамп, неодамна нареди ракетен напад на воздушна база на сириското воено воздухопловство. За Москва, тој чин е меѓународна агресија над Сирија, додека пак Американците тврдат дека нападот е одмазда за хемискиот напад во Сирија за кој се тврди дека го извеле силите на Асад.

No comments

Powered by Blogger.