Островот на оргии се наоѓа во Италија: Богаташите таму редовно се собирале и лудувале

Пишува: Точка

Ненаселениот италијански остров Заноне е окружен од тиркизно море, сино небо, прекрасна природа, но и мрачно минато.

Тоа што повеќето туристи денес ги привлекува кон тој остров се приказните за сексот, оргиите, настраноста и убиството за кое денес сведочи само напуштената вила на врвот на островот. Нејзиниот поранешен сопственик, маркиз Камило Касати Стампи, на островот приредува развратни забави, а најмногу уживал кога ја гледал својата сопруга како води љубов со непознати мажи.

Поранешната актерка Ана Фаларино, со својот сопруг ја делела љубовта кон егзибиционизмот, често пливајќи гола околу островот или позирајќи му на сопругот во провокативни пози. Таа наоѓала и мажи за забава. Ги собирала на плажа и водела во вилата. Маркизот толку уживал во тоа, што дури водел и дневник.


"Ана денес ме излуди од задоволство. Водеше љубов со некој војник толку ефикасно, што по долго време уживав како и таа", гласи само еден од записите во дневникот.

За викендите европската аристократија, ВИП гости и милионери доаѓале на островот со своите луксузни јахти, пиеле алкохол, консумирале дрога, уживале во забавите под маски и сексот. Постоеле претпоставки за "тајна соба" со огледала.
"Сите знаевме што се случува таму. Го нарековме остров на оргиите, а никој не се осудуваше за тоа да зборува на глас", рекол за CNN еден туристички водич кој живее на островот Понца.

Но, работите излегле од контрола. Ана се заљубила во еден од своите млади љубовници.

25-годишниот Масимо Минорети самиот бил жиголо и познат меѓу постарите богати госпоѓи од тоа време. Маркизот, кој до тогаш ја поттикнувал сопругата на вонбрачни излети, не можел да го поднесе фактот дека Ана на некого му изјавува љубов. Кога се вратил од пат во Рим, на 30. август 1970. година, ја затекнал Ана во кревет со Масимо. Во неа истрелал три куршуми, а Масимо го убил со еден куршум во чело. Потоа си пукал самиот во глава.

По убиството, освен дневникот кој маркизот го водел, инспекторите пронашле и 1.500 порнографски фотографии од Ана, кои ги направил нејзиниот сопруг, но и голем број на алкохолни шишиња.

No comments

Powered by Blogger.