Ја начекал својата девојка пијана и во кревет со друг: Сите му се восхитуваат на тоа што го направил!

Пишува: Точка

Дастон Холовеј од Тексас ја "фатил" својата девојка во кревет со друг, но наместо бурна, насилна реакција, тој направил нешто што никој не го очекува..

На ова момче, луѓето ширум светот му симнуваат капа. Тој ја "фатил жива" својата девојка на местото на злосторството, како спие до друг, но не направил драма... дури не ја ни разбудил.

Кога ова момче се вратило дома имало што да види. Во неговата спална соба на неговиот кревет спиела неговата девојка - но со друг маж. Девојката била толку пијана што не се ни разбудила кога Дастон влегол во собата.



Наместо да направи сцена, Дастон направил нешто за кое ретко кој би имал нерви. Тој го извадил својот мобилен телефон и започнал да го фотографира заспаниот пар, па направил и неколку селфи-фотографии со својата девојка и мажот со кој го изневерила.

Оваа фотографија потоа ја објавил на својот Фејсбук профил со коментар: "Кога ќе се вратиш дома и ќе те дочека друг маж во својот кревет покрај таа која ја сакаш"..

Неговата објава за кратко се проширила на социјалните мрежи, а на неговата реакција сите гледале со почит. Дастон признава дека имал нагон да го исфрли непознатиот маж покрај неговата девојка, но се воздржал.



"Смирено го направив селфито и излегов како шеф. Ја подудрив по рамото со цел да ја разбудам, но беше толку пијана што не ни почувствува. Сакав да ја прашам дали треба да спијам во соседната соба и каков појадок преферира фраерот до неа?" - вели Дастон.

Откако неговата објава стана вистински хит на Фејсбук, Дастон признал дека се чувствувал ужасно поради тоа што го изневерила и дека му било многу тешко, но дека по поддршката која ја добил од целиот свет, сфатил дека не е тој оној на кого треба да му биде тешко и дека лесно ја преболел.


No comments

Powered by Blogger.