Што се случило во Сирија? Западот го обвинува Асад, Русите имаат „смешно објаснување"

Пишува: Точка

САД, Франција и Велика Британија го обвинуваат режимот на Асад за хемискиот напад, додека пак Русите тврдат дека сириската армија погодила складиште со хемиско оружје на бунтовниците.

Од сириската војска тврдат дека нивните сили дефинитивно не го извеле нападот со хемиско оружје на просторот на провинцијата Идлиб, додека пак Русија тврди дека сириските воздушни сили погодиле складиште со оружје на бунтовниците во кое што имало хемиско оружје.

И покрај ваквите тврдења, трите западни сили САД, Франција и Велика Британија порачаа дека итно, од Обединетите нации ќе побараат усвојување на резолуција во која што за нападот ќе бидат обвинети силите на сирискиот претседател Асад. За резолуцијата ќе се гласа за време на денешната седница на Советот за безбдност при ОН.

Засега не е познато како на оваа резолуција ќе реагираат Русија и Кина, двете постојани земји членки на Советот за безбедност кои што имаат право на вето и во неколку наврати досега, за слични случаеви го искористија тоа право.
Специјалниот претставник на Обeдинетите нации за Сирија, Стафан де Мистура порача дека нападот во Идлиб бил страшен и дека „пристигнал од воздух“. Со други зборови, со оглед на тоа што никој освен сириската војска не оперирал на небото над Идлиб, јасно е дека се обвинуваат силите на Асад.

Во меѓувреме, од руското Министерство за одбрана порачаа дека сириските воздушни сили во нападите погодиле складиште со оружје кое што го користеле милитантите. Во сооптението стои дека во тоа складиште се работело на изработка на хемиско оружје чија што крајна дестинација бил ирачкиот фронт.
Портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков изјави дека во нападот било погодено складиште со оружје во кое се произведувала обична и хемиска муниција.

Според последните информаци, во вчерашниот напад на сириската војска загинале најмалку 70 лица, од кои 11 деца.

No comments

Powered by Blogger.