Девет години од случајот кој го шокирал светот: Проговорил полицаецот кој ја извлекол Елизабет Фрицл од подрумот на монструозниот татко

Пишува: Toчка 

Приказната од австрискиот град Амсететен од април 2008. година го потресла целиот свет. Тогаш било откриено дека Џосеф Фрицл дури 24 години во подрумот под својата куќа ја чувал заробена својата ќерка Елизабет. Таа цело време била малтретирана и силувана од својот татко, а во текот на тие години му родила и шест деца.

Приказната излегла на виделина кога едно дете се разболело и Фрицл прифатил да го однесе во болница. Таму лекарите утврдиле дека нешто е сомнително, тоа го пријавиле во полиција, која потоа го разоткрила двојниот живот на монструмот. Тој на експресното судење добил доживотен затвор и до крајот на животот ќе мине зад решетки без никакво друштво. Имено, веднаш во старт бил преместен во изолиран дел од затворот каде нема допир со останатите затвореници. Од разумни причини, секако...

Од друга страна, Елизабет со своите деца живее на тајна локација и никогаш ниеден нејзин збор не излегол во јавноста.

Меѓутоа, по 8 години проговорил Вилибалд Реитнер, полицаец кој во април 2008. година го имал првиот разговор со Елизабет Фрицл откако прв пат по 24 години излегла од подрумот. Полицаецот за потребите на документарниот филм на "Channel 5" открил кои биле првите зборови на измачената жена...



"Прво не зборуваше ништо. Само спомна дека никој нема да верува што се случило..."

Полицијата потоа ја променила тактиката и за прв пат и кажала на Елизабет дека таа можеби е жртва во целата приказна. Таа реагирала на сличен начин како претходно.

"Кога би ви кажала што сè се случуваше, нема да ми верувате..."



Инспекторот Реитнер потоа рекол дека Елизабет во замена за вистината побарала никогаш повеќе да не го види својот татко.

"Прво што побара беше никогаш да не го види. Секако, желбата и беше исполнета. Никогаш не го спомна зборот "татко", го нарекуваше "тој". Беше смртно исплашена дека никој нема да и верува, и дека сите ќе поверуваат во верзијата на Фрицл".

Во документарецот бил интервјуиран и психијатарот Хеиди Кастнер, кој разговарал со Фрицл пред судењето.



"Тој верува дека е роден силувач. Со свои зборови ја опишуваше својата желба за доминација, сексуална доминација. Не можеше да објасни зошто го направил тоа, само велеше дека тоа го чувствувал, дека желбата за доминација секогаш била во него".

Запрашан што мисли за Фрицл, истражителот Реитнер рекол:

"Тој не е човечко суштество".

Од друга страна, со Елизабет останал во добри односи.

"Прекрасна и храбра жена. Редовно си честитаме празници, таа секогаш ми кажува дека е благодарна на полицијата".

No comments

Powered by Blogger.