Нешто се случува на Далечниот исток: Кинезите предупредуваат дека може да избие голема војна

Пишува; Toчка

Ситуацијата на Далечниот исток е тензична - Кинезите предупредуваат дека нова војна на Корејскиот полуостров може да избувне буквално во секој момент.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, предупреди дека војната на Корејскиот полуостров може да избие буквално во секој момент. Тој исто така, упати порака до властите од Вашингтон и Пјонгјанг да ја намалат острата реторика и да сфатат колкава би била цената од избувнување на нова војна на Корејскиот полуостров.

Ова сериозно предупредување од шефот на кинеската дипломатија доаѓа во моментите кога американската војска нагло ја зголемува својата присутност на полуостровот и околу него.



Имено, само во последните неколку дена, во близина на Корејскиот полуостров пристигнале неколку американски воени бродови, предводени од носачот на авиони „Карл Винсон“.

„Во последно време тензиите помеѓу САД и Јужна Кореја од една страна и Северна Кореја од друга страна, толку многу пораснаа, па се добива впечаток дека војна може да избие во секој момент“, изјави кинескиот министер за надворешни работи.



„Доколку војната избие, сите страни мора да знаат дека во еден таков конфликт нема да има победник, туку дека сите ќе бидат губитници“, додаде Ванг.

No comments

Powered by Blogger.