Инстаграм од сега ќе можете да го користите и без интернет


Ако ви се случува често да го губите интернет сигналот на мобилниот телефон, тогаш Инстаграм ви подготви добри вести.

Корисниците на оваа социјална мрежа сега ќе можат да ги прегледуваат претходно вчитаните содржини и офлајн. Исто така, ќе можете да оставате коментари на објавите, да ги лајкувате, и да ги подготвите вашите фотографии и видеа, а тие ќе станат видливи веднаш штом повторно добиете мрежа.

Инстаграм се одлучи да ја воведе оваа опција поради причината што многу од корисниците доаѓаат од земји во развој со лоша интернет конекција.

Офлајн поддршката за Андроид апликацијата ја најавија на конференцијата Фејсбук Ф8, а според податоците, оваа социјална мрежа ја користат 600 милиони луѓе.

No comments

Powered by Blogger.