Холандска куќа која е во целосен допир со природата

Оваа холандска куќа, иницијално била замислена како дом на село, со идеја да се користи како место за релаксација, во кој сопствениците ќе можат да одморат од животот во бурниот град.



Со тек на време, нејзината функција била пренаменета во примарно живеалиште.

Едно од основните барања на сопствениците било креирање на простор, кој ќе биде удобен за престој на гости, односно место каде ќе можат соодветно да ги сместат нивните родители.

Другото барање било ова живеалиште да стане атрактивно за издавање на краток период, со цел обезбедување на материјални средства за негово одржување.

Куќата се карактеризира со одлична енергетска ефикасност и голем проток на светлина низ просторот.

Природното опкружување е најдоброто нешто и секоја соба или отворен простор се обидува да го зачува спојот со природата.

Дури и надворешната фасада ги менува своите нијанси низ призмата на различните годишни времиња.















No comments

Powered by Blogger.