По грешка го обвиниле дека е бомбашот од руското метро – Сега поради тоа ја изгубил и работата

Пишува: Точка

Илјас Никитин нема ни минута одмор. Во понеделникот неговата фотографија се појави во сите медиуми во Русија, каде што беше лажно обвинет дека е терористот кој уби 14 луѓе во метрото во Санкт Петербург.

Кога го дознал тоа, тој истрчал во првата полициска станица за да ја објасни својата невиност. Еден ден подоцна бил исфрлен од од авион за Оренбург после жалба на патниците. Тие не верувале дека станува збор за грешка.

Последниот удар дошол во средата кога неговиот шеф, после испитувањето од страна на детективите, му рекол дека е отпуштен.



Илјас пораснал во регионот Башкоростан помеѓу Волга и Урал и ја посетувал Воената академија во Рјазан, а подоцна служел во Чеченија, пишува „The Guardian”. Сега е резервен капетан и работи како возач на камион.

„Поради новинарите кои ме нарекоа терорист, сега ги прогонуваат моите пријатели, семејството... Сега не можам ниту во авион да се качам. Оставете ме да живеам во мир“, рекол Никитин за „Islam news”.

No comments

Powered by Blogger.