Расистички скандал околу бременоста на Серена Вилијамс

Селекторот на Фед репрезентацијата на Романија, Илие Настасе, предизвика расистички скандал, а неговиот коментар е поврзан со Серена Вилијамс. На прес конференцијата по жрепката за дуелите со Велика Британија во Фед купот, тој гласно ја коментирал бременоста на најдобрата светска тенисерка.



„Да видиме каква боја ќе има (бебето). Чоколадна или млечна“, му рекол Настасе на еден од членовите на романскиот тим, додека Симона Халеп одговарала на новинарско прашање поврзано со бременоста на Серена Вилијамс.

Претставниците на Серена Вилијамс, а и самата тенисерка, во средата потврдија дека таа е бремена. Американската тенисерка од минатата година е свршена со Алексис Оханијан, еден од оснивачите на Редит.

„Меѓународната тениска федерација не толерира дискриминаторски и навредлив говор и такво однесување“, пишува во соопштението на ИТФ. Од оваа организација потврдија дека истрагата е во тек и дека најверојатно Настасе ќе биде суспендиран.

Претседателот на Тенискиот сојуз на Романија, Георги Козак, не сакал да го коментира расистичкиот инцидент.

Ова е втор пат во изминатиот месец, Настасе во негативен контекс да го спомене името на Серена Вилијамс. Претходно тој ја обвини дека таа користи допинг и дека Светската анти-допинг агенција тоа го толерира.

No comments

Powered by Blogger.