Семејството Мијалкови влегува во нафтениот бизнис


Пред две години двајцата синови на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ја формираа компанијата „Бест веј инвестмент“ во дејноста на градежништвото. Минатата година тие формирале друга компанија „ОМПЕТРОЛ ОИЛ ДООЕЛ Петровец“ која што е регистрирана за работа во нафтениот бизнис. НОВА ТВ откри дека на 21 септември лани оваа компанија доби лиценца од Регулаторната комисија за енергетика за период од десет години.

НОВА ТВ веќе неколку месеци ја истражува темата, а денеска од собраниската говорница за овој најнов бизнис на Мијалкови обзнаниja пратениците Дамјан Манчевски и Љупчо Николовски од СДСМ.

– Додека вие овде го блокирате Собранието и институциите, вашето раководство се богати. Шест милиони евра потрошил Мијалков во јануари и во март за да купи депо за нафта и бензински пумпи? За ова ли го блокирате Собранието? Овој ли криминал го штитите, рече пратеникот Дамјан Манчевски.

– Ова е тековна состојба на „Бест веј инвестмент од Скопје коишто токму во овој период додека луѓето протестираат надвор ја купува Ом Петрол. Управител, односно единствен содружник на оваа компанија е синот на првиот братучед на Никола Груевски. Токму преку овие зделки, додека граѓаните протестираат се шири богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи. Не е патриотизмот во прашање, не е ништо друго во прашање. Во прашање е ширењето на богатството на оваа криминална власт. Но правдата доаѓа, криминално стекнатиот имот ќе биде конфискуван, рече Љупчо Николовски.
Утре читајте детали од истражувањето на НОВА ТВ за најновиот бизнис на екс директорот на УБК Мијалков и синовите.

No comments

Powered by Blogger.