За прв пат пред очите на јавноста: Ова е руската супер-база на „вечниот мраз"

Пишува: Точка

Руското министерство за одбрана одлучи да пружи увид во базата Арктик Шамрок која што служи за против-воздушна одбрана на целото подрачје.

Станува збор за најсеверната руска воена база, а руското министерство за одбрана одлучи деновиве, конечно да им овозможи на сите да видат како изгледа супер-базата која што е сместена во срцето на „вечниот мраз“. Огромниот комплекс кој што е украсен со боите на руското знаме, покрива 14 илјади квадратни метри.



Уникатниот план на изградба им овозможува на војниците да се движат низ објектите, а да немаат потреба да излегуваат надвор каде што често температурите достигнуваат и до -50 Целзиусови степени. Базата е подигната на архипелагот Франс Јозеф и според аналитичарите, базата ја претставува главната намера на Путин - руската армија да биде присутна насекаде низ својата територија, па дури и таму каде што владеат најекстремни временски услови.



Предвидено е во базата да бидат сместени до 150 припадници на војската кои што ги бранат копнените гранични и воздушните гранични интереси на Руската Федерација во таа област.

Сепак, добар дел од базата останува и натаму државна тајна затоа што, како што пренесуваат руските медиуми, и натаму мал дел е достапен за јавноста. Се проценува дека базата доколку би била отсечена од светот, целосно и самостојно може да опстои и до 1 и пол година. Посетителите, на фотографиите можат да погледнат како изгледаат канцелариите на официрите, кантината, теретаната, концертната сала, библиотеката и болницата.



Според планот на руското министерство за одбрана, кој го претстави министерот Сергеј Шојгу, Русија би требало да започне да гради уште неколку слични бази и се планира да биде изградена цела мрежа на воени бази. Подетално базата можете да ја погледнете ТУКА.

No comments

Powered by Blogger.