Турската опозиција: Резултатите од референдумот мора да бидат поништени

„Резултатите од референдумот за засилување на претседателските овластувања треба да бидат поништени“, изјави заменик-претседателот на опозициската Народна републиканска партија во Турција Булент Тежан.



Според него, партијата добила голем број жалби од повеќе региони каде луѓето не можеле да гласаат во приватност и каде имало тајно броење на гласачките ливчиња.

Тој дополни дека одлуката на Државната изборна комисија да ги признае листовите на кои нема печат е очигледно незаконска. Поради тоа, резултатите од референдумот „мора да бидат поништени“.

Лидерот на партијата, Кемал Килчадароглу, претходно изјави дека нема да ги признае резултатите од вчерашниот референдум.

No comments

Powered by Blogger.