Најголемиот филмски дебакл во историјата: продадени само три кино-билети на премиера



Филмот "Man Down" со Shia LaBeouf во главната улога доживеал тотален дебакл по неговото прво прикажување во Велика Британија, каде што биле продадени само три кино-билети.

Па така овој филм на Dito Montiel заврши во категоријата - најголеми филмски катастрофи во историјата, а ЛеБуф го доживеал, најверојатно, најголемиот актерски неуспех некогаш, особено ако се земе во предвид дека "Transformers", во кој исто така глуми, за време на првиот викенд на прикажување заработи околу 108 милиони долари, според податоците на Box Office.


Критичарите велат дека ова е најверојатно нов рекорд во филмската индустрија. Шиа во филмот глуми американски војник кој се враќа дома од Авганистан и открива дека неговиот син е исчезнат, пишува CNN. Филмот во Велика Британија се прикажувал само во едно кино, и тоа во гратчето Барнли, каде што заработил само 26 долари.

"Man Down" поминал подобро во САД со заработка од 454,490 долари.






No comments

Powered by Blogger.