Драматичен документарец за исчезнатата Меделин: „Дали ја убивте својата ќерка?“

Пишува: Точка

Австралиска телевизиска куќа најавува документарен филм кој ветува „големи новости и целосен пресврт“ во случајот на Меделин МекКен. Како што најавуваат, документарецот ќе биде прикажан во недела.

Исчезнувањето на Меделин МекКен се приближува до десеттата годишнина, а се` уште ги фасцинира и јавноста и медиумите.

Австралиски "Sunday Night" објави 40-минутна најава на документарецот во кој ветува „револуционерен телевизиски настан“ кој открива „големи новости“ кои „конечно би ја откриле вистината за она што и` се случило на малата Меделин“.



Трејлерот, кој е објавен на социјалните медиуми, го прикажува новинарот на "Sunday Night" како ги прашува родителите на Меделин, Кејт и Гери, дали ја убиле својата ќерка. Тоа е исечок од интервјуто направено во 2011 година.

Документарецот содржи коментари од Пет Браун, чија книга изнела сомнеж врз семејството и нивниот приказ на исчезнувањето на тригодишната ќерка.



Во документарецот учествува и Гонкарло Амарал, португалски полицаец кој почетно ја водел потрагата за Меделин откако исчезнала во одмаралиштето Праја де Луз во мај 2007 година. Амарал бил отстранет од истрагата откако ги критикувал британските детективи, но во јули 2008 година ја објавил книгата „The Truth of Lie“ во која тврдел дека МекКенови го измислиле киднапирањето на својата ќерка откако таа умрела во апартманот.

Три дена откако излегла книгата, бил отстранет сомнежот од Кејт и Гери МекКен.

Во обид книгата да се забрани, МекКен го обвинил Амарал за клевета и на почетокот го добил случајот. Таа одлука подоцна била поништена и оваа година, во јануари, португалскиот Врховен суд повторно одлучил во корист на поранешниот детектив. Таквата одлука ја донеле истакнувајќи го правото на истражување на Амарал, кому му е потребна поголема заштита отколку на правото на чест на МекКен.



МекКенови доследно тврдат дека Меделин исчезнала од својот апартман додека тие јаделе со пријателите во ресторан кој бил оддалечен 55 метри. Тие и понатаму жалат и бараат информации кои би можеле да им помогнат да ја пронајдат својата ќерка, пишува „The Independent”.

Портпаролот на МекКенови ги замолил креаторите на документарецот да и` ги предадат новите „веродостојни“ докази на полицијата.

No comments

Powered by Blogger.