Ирина Шајк се појави во јавноста неколку дена по породувањето

Пишува: Точка

Веста дека Ирина Шајк и Бредли Купер станаа родители не беше неочекувана, но ги збуни обожавателите ширум светот, бидејќи парот успеа љубоморно да ја чува оваа информација дури две недели. И, откако одекна оваа вест, гордата мајка се појави во јавноста. Погледнете како изгледа.

Руската манекенка Ирина Шајк по овој радосен настан се појавила во јавност во Калифорнија.



Со својот избраник таа отишла во омилената слаткара позната по врвниот сладолед.



Убавата Русинка била облечена од глава до пети во црно и изгледала одлично. И додека папараците ја фотографирале неа, Бредли останал во сенка бидејќи ја чекал во автомобилот.



Модната ѕвезда овој пат останала доследна до својот опуштен стил на облекување, кој го имаше и додека беше бремена.



Нејзиното стомаче и понатаму е тука, што е очекувано по породувањето, но нема сомнеж дека за брзо време ќе ја доведе својата линија до совршенство.

No comments

Powered by Blogger.